Јавното претпријатие „Нискоградба“ во склоп на своите активности, а поради најавите за зголемена циклонска активност проследена со обилни врнежи, деновиве презеде активности за контрола и прочистување-миење на цефководите на улиците „7-ми Ноември’’, „Питу Гули’’, „Сирма Војвода’’, „Богомилска’’ и кај Градскиот Пазар.
Чистењето на цефководите ќе продолжи и во наредниот период при што ќе бидат опфатени и другите улици во градот.
OhridNews













