Расфрлани отпадоци покрај коловозните ленти од магистралниот пат до Свети Наум се чистат во рамки на акцијата која ја почна ЈП „Охридски Комуналец“.

Се подигнува тешко разградлива амбалажа (лименки, пластични шишиња, стаклена и картонска амбалажа и др.) кои остават печат по околината како последица на нечие самоволие и несовесно однесување. Поради должината на делницата, акцијата ќе се одвива етапно цела работна седмица, велат од претпријатието.

Апелираат за поголема одговорност и еколошка свест во улогата на секој поединец за зачувување на природата.

OhridNews