По налог на општина Охрид, а согласно испланираните годишни редовни и вонредни активности, екипите на ЈП Охридски комуналец,започнаа со расчистување на речното корито на Велгошка Река, со цел да се минимизира можноста за прелевање на водата од речното корито и поплавување на околното земјиште.
Се работи комбинирано, со употреба на специјална механизација, но поради непристапноста на теренот голем дел од активностите за расчистување се одвиваат и рачно.
Се очекува да се подигнат 30 метри кубни отпад : натрупана земја, чакал, пластична амбалажа и друг вид отпад.
OhridNews