Согласно законските обврски кои ги има ЈП „Охридски Комуналец” околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на Oпштина Охрид” депонирани се вреќи со сол и ризла на повеќе пунктови во „Стар Град”.
Со овие активности ќе се обезбедат услови за брза интервенција во услови на снег и голомразица за да се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот; велат од ЈП „Охридски Комуналец”.
Поради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња, старот дел од градот е во приоритетната група за интервенција во зимски услови потенцираат од претпријатието.
OhridNews