Вкупно 260 натпреварувачи од 20 земји ќе учествуваат на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кои ќе се одржат на 15 и 16 септември во Охрид. Подготовките за првиот спортски настан од ваков вид во Охрид финишираат, а организаторите на средбата со медиумите најавија почеток на една нова спортски традиција.

  • Триатлтон федерацијата на Македонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ ќе организираат голем европски настан во Охрид. Се работи за Европски куп и Балканско првенство во Триатлон кои ќе се одржат утре и задутре во градот Охрид. Триатлонот како спортска дисциплина бара големи организациски активности. Сите ние заедно со подготовки почнавме пред половина година и сигурен сум дека во Охрид ќе имаме настан за кој ќе се прераскажува. – изјави Иван Михајлоски претседател на Триатлон федерацијата на Македонија.

Безбедноста и здравјето на учесниците ќе биде најголема обврска на организаторите. Дел од патот од Охрид кон Св. Наум ќе биде затворен за сообраќај, но тој ќе се одвива на една од двете ленти попречно. Организаторите апелираат на разбирање кај охриѓани и туристите во сабота и недела.

  •  Најпрво да и се заблогодарам на Триатлон федерацијата на Македонија која ни укажа доверба за заедничка организација на спортски настан со меѓународен карактер. Од оформувањето на Асоцијацијата желбата беше да се организира ваков настан и многу ни е драго што успеавме во нашата намера. За успешен Триатлон ќе треба да ни помогнат и нашите сограѓани кои ќе мораат да бидат трпеливи кога на сила ќе стапи сообраќајниот режим. Сообраќајот по патот за Св. Наум ќе се одвива непречено, но ќе се вози по една лента. Безбедноста на натпреварувачите е најголема наша обврска, бидејќи каков и Триатлон да направиме, ако некој се судри и повреди тогаш ништо не сме постигнале. Упатувам уште еден апел до охриѓани и туристите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните знаци. – рече првиот човек на Асоцијацијата на спортови, Иван Цветкоски.

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во името на Општина Охрид најави поддршка и им посака среќа на натпреварувачите. – Во името на Општина Охрид и локалната самоуправа сакам да го изразам нашето задоволство што ваков иментен спортски настан кој за прв пат ќе се одржи во нашиот град. Ние како локална самоуправа ќе сториме се` што е во наша моќ да го поддржиме овој настан и сите други кои ќе бидат промотори на Охрид. На организаторите им посакувам безбедна на трка, а на натпреварувачи добро здравје и многу среќа. 

Триатланот во Охрид ќе биде следен од будното око на делегатот од Европската триатлон федерација, Андреас Галанос. Тој на крајот ќе го оцени спортскиот настан во Охрид.

– Многу сум среќен што сум дел од овој мега спортски настан во Охрид и исто така многу ми е мило што гледам со каков ентузијазам луѓето го организираат Триатлонот. Условите и се останато е на страната од градот и организаторите и јас не гледам ниту една причина за пречка за успешен и добар Триатлон. – истакна делегатот од Европската триатлон федерација.

Учесниците поделени се во девет категории. Дел од натпреварите ќе се одржат в сабота и дел в недела, новитет ќе биде штефетниот триатлон кој од 2020 година ќе дебитира на Летните олимписки игри во Токио. Стартот и целта на Триатлон ќе биде на плажата „Бафало“.

Михаил Постоловски