Часови не делат од големото шоу во Центарот за култура, каде вечерва од 20 ќе настапи познатиот охридски актер и стенд ап комичар Никола Тодороски.


Завршни подготовки пред големото шоу

Никола пред охридската публика ќе се претстави со нов, екслузивен материјал, подготвен специјално за шоуто, кое го продуцира интернет порталот „OhridNews“, каде наскоро ќе започне да се емитува популарната веб комедија „Идиотека 3“.

-Вeчерва во Центарот за Култура во Охрид,  ќе го организираме досега најголемиот стенд ап настан во градот, насловен како „Идиотека 3“. Овојпат концептот ќе биде сосема нов. Сите епизоди кои се дел од „Идиотека 3“ ќе бидат снимени во живо, токму на овој настан. Сниманиот материјал ќе биде поделен на 15 дела – епизоди, кои премиерно наскоро ќе се прикажуваат секој петок на интернет порталот „OhridNews“ – вели Никола Тодороски.


Интересот на стенд ап шоуто на Никола Тодороски е огромен. Влезницитe по цена од само 150 денари, денеска до 15 часот ќе се продаваат во тобако „Фибос“ и мјузик шоп „Зи Зи топ“, а по 15 часот само во Центарот за култура.

-Заинтересираноста е голема, а продажбата на карти оди одлично. Мислам дека охридската публика ќе има можност да види добра стенд-ап комедија. До сега сме добивале прашања зошто не сум настапил во големата сала. Сега сме решени, дека ваков голем настан заслужува да биде изведен токму на таа голема сцена. Клиповите се интересни, но кога нештото се гледа во друштво од 550 луѓе е поинтересно и пореално. – додава Тодороски.


Стенд ап шоуто на Никола Тодороски се препорачува на публика над 14 години! Почетокот на шоуто е 20 часот.

OhridNews
фото: ЕМИЛИО