В недела со почеток од 17 часот ракометот ќе биде во центар на вниманието во Охрид. Ракометниот клуб Охрид 2011 во соработка со Општина Охрид и Црвен крст од Охрид ќе организиираат хуманитарен ракометен натпревар помеѓу сегашните членови на клубот и легендите на охридскиот ракомет.


– На иницијатива на Општина Охрид, во недела на 9 декември со почеток во 17 часот во СРЦ “Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен ревијален ракометен натпревар помеѓу РК Охрид 2011 и ветераните на охридскиот ракомет. Натпреварот официјално е дел од програмата за прослава на патрониот празник на Охрид Св. Климент Охридски. Ова е можност сите оние кои низ историјата придонесле за живот на ракометот во Охрид. Замислата е овој натпревар да стане традиционален – истакна Филип Јованоски преставник од Општина Охрид.

Собраните средства од ракометниот спекткал ќе бидат намените на здружението за посебни потреби “Зраци“.

– Сакам да ги повикам сите љубители на ракометот како и сите граѓани да бидат дел од овој натпревар. Влезниците ќе ги продаваат волонтерите на Црвен крст, а цената на билетитот е симболична 30 денари. Средствата собрани од овој настан ќе се искористат за опремување со спортска опрема на детските градинки во Охрид, а дел ќе одат и за инвалидизираните лица. Во програмата на овој натпревар предвидени се и некои забавни точки – потенцираше директорот на Црвен крст, Д-р Сашо Точко.


Од ракометниот клуб Охрид 2011, кој повеќе од успешно се натпреварува во Првата машка ракометна лига повикуваат на масовност.

–  Како се грижиме за минатато така се грижиеме и за иднината. Ова нека биде поттик за сите останатите спортски колективи да се организираат вакви хуманитарни натпревари – истакнаа од Р.К. Охрид 2011.

Мх.П.