Денес во просториите на Општина Дебарца Градоначалникот Игор Трајкоски,секретарот Илија Дуклески и директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски одржаа состанок со делегација Општинската организација на сојуз на борци за Општините Охрид и Дебарца предводена од претседателот Гоце Ѓеоргиески.

На состанокот станало збор за организација на прославата на 70 годишнината од формирање на првата МКНОУПБ, која ќе се одбележи на 11ти ноември во с.Сливово, како и за патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ кој се совпаѓа со јубилејот.

 

Општина Дебарца е покровител на настанот, за што се обезбедени средства од буџетот во ставката за одбележување значајни датуми, настани и личности. На средбата претставниците на Сојузот на борци искажале благодарност до општина Дебарца и градоначалникот за успешната соработка.