На отвореното ракометно игралиште покрај „женска плажа“ Струга следните денови ќе биде домаќин на 41-то издание на меѓународниот ракометен турнир. По имињата на екипите 41-то издание треба да биде најквалитетно, а титулата ќе ја брани Металург, кој лани неприкосновено стигна до тронот.

–    Во клубот ние е драго што минатата година успеавме да триумфираме на турнирот во Струга, а оваа година дојдовме да ја обраниме титулата. Струшкиот турнир ќе ни биде генерална проба за квалификациите во Лигата на Шампиони кои не очекуваат на 28 август. Ќе ги пробаме сите комбинации, сите ракометари ќе добијат шанса и на турнирот нека победи подобриот – рече Червар.

Добре дојде, голем успех и среќа на екипите учесници на 41-то издание на меѓународниот ракомет им посака првиот човека на Струга, Илир Села.

–    Ги поздравувам сите гости на турнирот и им посакувам многу среќа и успех. Во иднина јас како градоначалник на Струга посакувам вакви турнири од меѓународен карактер бидејќи така најлесно ќе се промовираме во град, кој го негува и сака спортот – посочи градоначалникот на Струга, Села.

Романска Констанца предводена од екс селекторот Ѕвонко Шундовски и Бранислав Ангелоски покрај Металург и Вардар ќе привлече најмногу внимание.

–    Им благодарам на организаторите што не поканија да учествуваме на овој екстра квалитетен турнир. Јас направив се што беше во моја моќ да се прифати поканата бидејќи Констанца е повеќекратен првак во Романија и е поим за ракомет во државата. Нашата цел на турнирот е да се преставиме во добро светло да ја крениме формата што повисоко – потенцираше екс селекторот, Ѕвонко Шундовски.

Турнирот од година во година носи повозбудливи натпревари и поквалитетен ракомет. Минаната година за финалето во кое Металург го совлада Брест Мешков се бараше билет повеќе, а оваа година подобрена е инфрастрктурата.

–    Квалитетот на струшкиот турнир од година во година оди во нагорна линија.Но, луѓето од овој турнир не треба да се задоволат и да застанат туку треба со макотрпна работа да го направат најквалитетен на балканот.. Ние како екипи ќе настојуваме да го повториме ланскиот успех кога сосема заслужено го освоивме турнирот – вели Наумче Мојсоски.

Од таборот на Вардар ПРО искажаа голема чест и задоволство што ќе бидат дел од турнирот. Тие ќе го искористат за подигнување на формата пред почетокот на регионалните натпреварите и мечевите во европската елита.

–    Драго ние што сме дел од овој турнир и ќе направиме се да го преставиме во позитивно светло македонскиот ракомет. Турнирот е полн погодок не само за Струга него и за целиот ракомет во нашата земја – рекоа од Вардар ПРО.

Мх.П.