Се е подготвено за јубилејното петто издание на алетската манифестација „Охрид трчаТ. Учесниците ги подигнаа стартните пакети, се запознаа со патеката и предизвиците, уживаа во Охрид и Езерото.

На „Охрид трчаТ“ ќе учествуваат околу 600 љубители на трчањето, а ќе се натпреваруваат во две дисциплини, 5 и 21 километар (полумаратон). На доделувањето на стартните пакети, учесниците имаа можност да се запознаат со производите од спонзорите.

Во текот на денешниот ден беше одржана панел дискусија на која учествуваа Јулијан Васало од Европската куќа во Скопје, директорот на полумаратонот во Дубровник Ален Бошковиќ, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, генераланиот директор на ДЦМ Балканс Филип Стефаноски, генералниот директор на Х. Метропол Филип Мишевски, а водител беше долгогодишниот новинар Марјан Ников. Тема на Панел дискусијата која се емитуваше во живо на социјалните мрежи беше спортскиот туризам и неговата улога во општеството.

Главниот настан е утре (недела) рано наутро.

OhridNews