Еден од најубавите патни правци од охридскиот регион кој води кон Трпејца, во рамки на националниот парк Галичица, преполн е со расфрлан отпад.

Покрај коловозот може да се види најразличен отпад, а најмногу го има на местата каде што може да се паркира автомобил. Од покуќнина до кондоми, нема што нема. Само еколошка свест изостанала.

OhridNews