Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, денеска, во средно угостителско училиште „Ванчо Питошески„ ќе го одржат 16-от состанок со советодавната група на граѓани од Охрид.

На состанокот, ќе бидат презентирани предвидените активности од планираните проекти „Дрога – вистина и заблуди“, „Превенција од трговија со децa“ и „Превенција од дрога“. Целта на проектите е интензивирање на заедничко делување и соработка со граѓаните посебно со најмладите, со институциите на системот, невладините организации, граѓанските здруженија и спортските клубови во борбата против овие и другите девијантни и криминогени појави.

На состанокот, свои излагања ќе имаат претставници на Советот на родители, Секторот за внатрешни работи Охрид, Секторот за Образование во Општините Охрид и Дебрца, од Локалниот совет за превенција, Општата болница Охрид, Невладините организации, Црвениот крст, спортските асоцијации и др.

OhridNews