Сопственикот и извршниот директор на една од водечките израелски компании ТГВ Холдингс, Харел Голст и Офер Гилад,  при денешниот прием кај градоначалникот Бакрачески изразија интерес да инвестираат во колекторскиот систем.

На средбата, првиот човек на Охрид ги запозна израелските бизнисмени со досегашните активности, а за утре е закажана средба во Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Заштитата на Охридското Езеро и функционален колекторски систем е врвен приоритет на градоначалникот Бакрачески.“ – велат од локалната самоуправа.

Според досегашните активности на овој план, се предвидува надградба и репарација на постојаната инфраструктура со воведување нова технологија во првата фаза и проширување со изградба на сепарирани системи за Љубаништа, Свети Наум, Трпејца, Пештани, Градиште и потегот од Елен Камен до Радожда во втората фаза.

OhridNews