Се интензивираат работите за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во село Брежани во планинарски дом. Реконструкцијата е во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиски поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија.

 

Со овој проект предвидена е и реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, а набавена е и опрема и специјално теренско возило Duster за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население. Проектот е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација, вели градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Во село Брежани, со средства од општинскиот буџет завршено е уредувањето на дворот во црквата “Св.Никола”.

OhridNews