Според најновите информации добиени од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози, и со остатоци од кашест снег по коловозите.

Поради ниски температури на повисоките места има појава на голомразица. Поради врнежите од снег кои се интензивираа околу 9 часот, повторно е воведена забраната за тешки товарни возила на кракот Маврово-Дебар и патниот правец Дебар-Струга. Во 12.15 часот воведена е повторно забрана за тешки товарни возила на планискиот премин Стража. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка каде покрај забраната за тешки товарни возила има и забрана за автобуси. До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.