Во Метрополис Арената  денеска ќе се одржи фестивалот„Скопје 2008“кој е официјален македонски избор за Евросонг.

За учество на Евросонг, кој годинава се одржува на 22 и 24 мај во Белград, Србија,ќе се натпреваруваат 15 композиции.Освен официјалниот натпреварувачки дел, предвидена е и ревијална програма во која ќе настапат Хари Варешановиќ од Босна и Херцеговина кој го освои третото место на Евросонгот во 2006 и Руслана, претставникот на Белорусија  на годинешниот Евросонг во Белград.

Посебен дел од ревијалната програма ќе биде посветен на прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески.Водители на Изборот за македонски претставник на Евросонг ќе бидат Живкица Ѓурчиновска и Борислав Тноковски.

За победникот, кој ќе ја претставува Македонија на изборот на песна на Евровизија, подеднакво ќе одлучуваат гласовите на публиката и на жирито. Гледачите ќе можат да гласаат преку фиксната телефонија и трите мобилни оператори, а жирито ќе биде составено од пет члена.

Јасминка Т. Момироска