Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави втор јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедени лица.

Со јавниот повик е опфатено и земјоделско земјиште во површина од 24 хектари во општина Струга.

Времетраењето на плодоуживањето за кое се издава земјоделското земјиште е пет години.

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во плодоуживање на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат социјално необезбедени лица– корисници на правото на социјална парична помош.

OhridNews