– Ситуацијата станува критична се обидуваме покрај положените цевки да направиме друг одвод за да се исцеди водата од бавчите и од куќите и се надевам дека за неколку часа ќе го решиме овој проблем, ни изјави Сашо Алчев, директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
Сашо Алчев
Со механизација се проширува коритото околу тесниот цевковод за да се зголеми протокот на вода, а на повеќе критични места се градат насипи со вреќи од песок, но надлежните се загрижени дали тоа ќе биде доволно.
– Сите реки се високи а она што натаму загрижува е и восокото ниво на Охридското Езеро и протокот на вода по реките кои се вливаат е многу отежнат. Брзината на истекот на водта од реките е забавен поради високиот водостој на Охридското Езеро, истакна Алчев.
Населбата Воска беше погодена од поплава и пред неполни два месеци кога исто така дојде до излевање на Грашница. Граѓаните реагираат дека проблемот е во несоодветно изградениот цевковод кој според нив треба да се отстрани. Тие бараат да се изгради корито, со што ќе се реши проблемот со излевање на реката Грашница.