Екипи на паркови и зеленило деновиве вршат кастрнење на гранките од дрвјата на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.
Кастрењето на гранките ќе придонесе за зголемување на прегледноста и безбедноста во сообраќајот. Особено голем проблем големите гранки кои се надвиснуваа над коловозот им предизвикуваа на погабаритните возила, пред се на автобусите.
Акцијата е дел од подготовките на градот за претстојната летна сезона кога се очекува во употреба да биде ставен и панорамскиот автобус.