СДСМ на 13 јули ќе ги објави првите 20-тина кандидати за градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ веќе има дефинирано 15-на комплетно нови имиња и до средината на месецов ќе соопшти уште толку.
Иако официјално се’ уште не се обзнануваат имињата на кандидатите за градоначалник на Охрид на најголемите политички партии во земјата, неофицијално, се поизвесно е дека на претстојните локални избори во Охрид ќе имаме нова „докторска битка“. Според анкетите кои ги спроведуваат двете партии, во СДСМ се издвојуваат актуелниот градоначалник, докторот специјалист интернист Константин Георгиески, бизнисменот и актуелен пратеник Лазе Танески и уште еден доктор и актуелен директор на општата болница Горан Балевски. Во анкетите на ВМРО ДПМНЕ, пак, фаворит е стоматологот и актуелен пратеник Кирил Пецаков.

Како што рече Николовски на брифинг со новинарите, партијата завршила со истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, по што се очекува во наредните десетина дена да финишираат постапките во општинските органзиации, а потоа ќе следи и јавно објавување на кандидатите.
Ќе ја креираме најдобрата понуда за секоја општина на овие локални избори. Нашите анкети велат дека СДСМ е фаворит на изборите, имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии, истакна Николовски, пренесува „Миа“.

Наши партнери во Владата се ДУИ и ДПА и очекувам на ниво на лидери да се случи средба на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори. На кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг и слично ќе зависи од договорот. Коалицијата на СДСМ е победник на изборите, порача Николовски.
Досега, додаде, има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници.
Повеќе детали за изборна соработка, како што беше речено на брифингот, ќе можат да се соопштат по лидерската средба Заев – Ахмети која се очекува идната недела. Заев веќе имал средба со лидерите од коалицијата на СДСМ и од нив не било најавено дека ќе имаат посебни кандидати за градоначалници.

За локалните избори веќе имаме 15-на имиња дефинирано, уште толку до средина на јули очекуваме да бидат дефинирани како најсериозни каднидати, а конечно сите кандидати ќе ги објавиме во септември. Актуелните 15 имиња се сериозни фаворити зашто во споредба со потенцијалните кандидати од СДСМ се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа, рече Мицкоски, ќе бидат победници, додае тој.
OhridNews












