Неколку ударни дупки на булеварот „Туристичка“ во непосредна близина на бензинаката пумпа „Билјанини извори“, сеуште не се санирани. Тие стојат отворени, а пред нив се поставени сообраќанји знаци кои предупредуваат на опасноста.


 Ударните дупки на „Туристичка“ сеуште отворени

Санацијата на оштетените делови од коловозот на најфрекфентната градска сообраќајница ја врши „Македонија пат“ – работна единица Охрид, чии екипи денеска беа ангажирани на средување на зелениот појас помеѓу коловозните ленти на регионалниот пат Охрид – Св. Наум. Се коси високата трева која ја намалува прегледноста на патот и го нагрдува просторот, каде деновиве ќе поминат претседателите на земјите од регионот кои ќе учествуваат на работниот состанок што го организира македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.


Се коси тревата на патот за плажите

OhridNews