Холандскиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал се соочува со отказ откако го пропуштил редовниот тренинг на екипата.


Англиските медиуми сметаат дека пропуштањето на тренингот може да значи крај на соработката или пак разговори со управата за излегувањето од резултатската криза.

„Црвените ѓаволи“ нанижаа три порази по ред во Премиер лигата, а вкупно на победа се немаат израдува седум натпревари или од 21 ноември.

Тренингот го водел помошникот Рајан Гигс кој англичаните го токмат за негов наследник иако во игра се уште Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Ohridnews