Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со извршување на редовните обврски на терен, поврзани со уредувањето и одржувањето на јавните парковски површини во градот.

Денеска се кроеја крошните од дрворедот на “Булевар Туристичка” при што се отстрануваа гранките кои ја попречуваат видливоста на сообраќајните знаци и движењето на пешаците и возилата.

Со уредување на дрворедите ќе се продолжи и на останатите сообраќајници во градот.

OhridNews