Од назначувањето на Жозе Мурињо за тренер на Манчестер Јунајтед почнаа шпекулациите за враќање на Пол Погба на Олд Трафрод.
По завршувањето на Европското првенство тие уште повеќе загреаја, а најверојатно и конечно трансфер сапуницата ќе добие разврска.
Францускиот репрезентативец за 120 милиони евра ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ лично од своето конто ќе го платат процентот наменетен за менаџерот на Погба, Мино Рајола.
Конечна разврска се гледа откако Погба на аеродромот во Лос Анџелес потпишал дрес од Манчестер Јунајтед со неговото името и бројот 6 на грбот.
Среќното дете се пофалило на социјалните мрежи, а веста ја пренесоа сите светски медиуми кои будно ја следат ситуацијата.
Се надѕира крајот на трансфер сапуницата на Погба ?
OhridNews