Раководството на Манчестер Јунајтед односно почесниот директор на клубот, Сер Алекс Фергусон посетата во Лондон ја искористи за разговор со менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.


Во Лондон, фудбалерите на Манчестер Јунајтед изгубија од Вест Хем 3-2 и само теорија ги носи на четвртата позиција на табелата која пак води во Лигата на Шампиони.

Фергусон и Покетино разговараа во центарот на Лондон, а нивната средба не помина незабележана од англиските новинари кои веднаш го поврзаа со преземање на палката на Олд Трафорд.


По поразот од Вест Хем дополнително се зголеми притисокот на плеќите од Луис ван Гал кој во финалето од ФА Купот ќе има последна шанса да ги израдува своите навивачи со трофеј.

OhridNews