Се намалува бројот на запишани ученици во охридските основни и средни училишта. Како што потенцираа дел од советниците причината е веќе добро позната и се однесува на намалувањето на бројот на жители во Охрид како резултат на иселувањето. Советниците денес на 31-тата Седница на Совет ги изгласаа одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволениот минимум.
Советничката Живка Ангелоска потенцираше дека оваа учебна година во охридската гимназија се запишале само 91 ученик кои се рапоредени во седум паралелки по 13 ученика.
Овој податок е поразителен не само за Гимназијата, туку за сите нас како охриѓани. Должност на сите нас е да размислиме и да преземем мерки секој во рамки на своите надлежности за јакнење на реномето, авторитетот, но и продолжување на традицијата на охридската гимназија. Јасно ни е дека иселувањето е голем фактор кој ја предизвикал оваа состојба, фактор кој делува во сите пори на животот. Можеби и дуалното образование го направи своето имајќи ја во предвид перспективата која ја нуди. Но, несмееме да оставиме на ова и едниствено како прчини да ги наведуваме иселувањето и дуалното образование и да си наоѓаме оправдание за ситуацијата во која во моментов се наоѓа Гимназијата, односно намалениот интерес за упис во неа. Сметам дека треба да се изготви една сеопфатна анализа да се види низ годините кои се фактори придонеле да се дојде до ситуација на најмалку запишани ученици во прва година во Гимназијата. Дали само иселувањето и дуалното образование се причините или има и други фактори, да се мапираат сите фактори и да се преземат мерки како би можело да се подобри самата ситуација, рече Ангелоска.
Советникот Наум Јамнадиев потенцираше дека со оглед на 25 годишното искуство како дел од Гимназијата годината кога започнал со работа на општинско ниво околу 1200 ученици завршувале основно образование, а оваа година завршуваат околу 450 ученици.
Иселувањето е според мене можеби најголемиот кривец за ваквата состојбата. Квалитетот на наставата воопшто не е намален и нашите ученици во текот на понатамошното образование имаат уште добри резултати. Од тоа што ние го следиме 95% ги завршуваат факултетите. Друг аспект е самата активност на МОН да ги мотивира основците да се запишуваат во стручно образование преку кое работата им е веќе загарнтирана. Имајќи предвид колку е тешко да се најде работно место во државава повеќето родители ги насочуваат децата во стручните училишта. Наставниот кадар во Гимназијата сеуште работи со голем квалитет, ситакна Јамандиев.
Советникот Сашо Донев потенцираше дека советници треба да водат грижа да се создадат услови за децата во Гимназијата да се чувствуваат добро и пријатно, потенцирајќи ја изградбата на атмосферската канализација, реновирањето на тоалетите и поставувањето на нова водоводна линија. Донев потсети и на реакцијата на СДСМ Охрид за оградата на Гимназијата додавајќи дека и на ваков начин се руши интегритетот на училиштето кое во идниот период ќе биде и партерно уредено.
Ќе треба сите партијата и политиката да ги тргнеме настрана од средното и основното образование. Кога има некој проект да го поздравиме, а не да го критикуваме за тесно партиски интересни. Како советници да се обидеме да обезбедиме што е можно повеќе средства и да создадеме што е можно подобри услови, за да наместо 90 ученици има повеќе запишани следната година, додаде Донев.
На седницата од страна на советничката Виолета Аврамовска беше побарано објаснување од потребата за носење одлуки за формирање паралелки со помал број на ученици.
Јасно ми е дека колку помал број има на ученици во паралелката толку е поквалитетна наставата. Но, би сакала објаснување на што се должат овие барања за намалување на бројот на ученици во одделенијата, праша Аврамовска.
Директорот на основното училиште „Свети Климент Охридски“, Јордан Пуроски потенцираше дека во нивниот случај станува збор за подрачното училиште во Даљан.
Бидејќи опфаќа помал реон и историски гледано имаме помал број на ученици запшано во однос на законскиот минимум, но пак затоа можеме да се пофалиме со останатите одделенија во центаралното училиште. Веќе барањата за согласнот за запишување паралелка со помал број ученици е значително намален. Причините веќе ги знаеме, бројот на училишта е останат од СФРЈ, бројот на ученици е намален. Сите се трудиме да привлечеме ученици на различни начини. Но, дека ќе фалат ученици ќе фалат зошто самиот број на жители е намален и имаме стапка на иселување, истака Пуроски.
Инаку за споредба во охридските училишта годинава се запишани 445 првачиња, додека минатата учебна година ја започнаа повеќе од 500 првачиња.
Н.С.Ј.