Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2011 година изнесува 32 867, а бројот на ноќевањата изнесува 62 948.

Бројот на туристите во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 2.0%.

Бројот на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 16.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.4%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 12.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10.4%.

Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.4%, а кај странските има зголемување за 25.1%.

Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 7.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.0%, а кај странските има зголемување за 35.1%.

 OhridNews