Министерството за информатичко општество и администрација донесе одлука за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење, пренесува „Макфакс“.

Одлуката е донесена по одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година, и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите

По одржувањето на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август 2013 година, ќе се донесе одлука за колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите на законите.

Казнените одредби се дефинирани во новата законска регулатива за медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги.

OhridNews
извор:„Макфакс“