Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се намалува цената на бензините и дизелот.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 59 ден/лит, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 60,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит и ќе изнесува 48,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра  лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 37,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 ден/кг, во однос на цената утврдена  согласно Одлуката од 12.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,282 ден/кг.

OhridNews