Според податоците добиени од хидролошките станици ширум државата се забележува намалување на водостојот на реките, соопшти Министсртвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исклучок на ова се поедини хидролошки станици кои се лоцирани во долните теченија на реките и кај кои е регистрирано извесно зголемување што е очекувано со оглед на префрлањето (патувањето) на водата од горните делови на речните сливови низводно кон вливот во поголемите реки. Меѓутоа и овие зголемувања се незначителни така се очекува нивно постепено стабилизирање. Во текот на денешниот ден се очекува врнежите да престанат и водостојот на реките низ земјава постепено да почне да се намалува.

OhridNews