Италијанската Серија А од сезоната 2016/17 ќе има помалку учесници во лигата. Место 20 како сега „калчо“ лигата ќе брои 18 екипи.
20 екипи во Серија А се натпреваруваат од 2004 година кога беше проширена, а можеби ќе се врати стариот систем ако биде усвоен предлогот на првиот човек на федерацијата, Карло Тавекио.
– Намалувањето на лигата е исто важна цел како и пласман на репрезентацијата на Европското првенство 2016 година. Ќе пробаме мојот предлог да го изгласаме до 30 јуни и да ја соопштиме конечената одлука. Тогаш Серија А би имале 18 екипи, а втората лига 20 клубови кои ќе се натпреваруваат. – рече Тавекио.
Серија А официјално се игра од 1929 година, а најмногу титули има освоено Јувентус вкупно 30.
Мх.П.