На предлог на Владата на Република Македонија усвоени се измените на Законот за нотаријат и на Законот за извршување, со што се намалуваат нотарските и извршителските трошоци за граѓаните.

Законите обврзуваат на донесување на нови тарифи со кои ќе се укинат 16 тарифни ставки. Во постапките пред нотарите граѓаните кои имаат долгови за комунални трошоци се ослободени од судските такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност. Нотарската награда ќе биде 10 отсто од главниот долг, но не повеќе од 500 денари.

OhridNews