Околу 150 китови познати како пилоти, во петокот се насукале на плажа во заливот Хамелин вo Австралија, а само 6 од нив преживеале.

Откако властите биле алармирани за ситуацијата, над 100 доброволци заедно со службите за спасување се вклучиле во спасувањето на китовите, но само шест од нив преживеале и биле вратени во вода, пренесува BBC. Спасувачката акција ја отежнало лошото време.

Во 2009 година повеќе од 80 китови и делфини угинаа на истата плажа.

OhridNews