Како што информираат од локалната самуправа, во тек се активности на екипите на ЈП „Нискоградба“ за нивелирање на пропаднатите и оштетени канализациски шахти на улицата „Шар Планина“.

– Со ваквиот зафат шахтите ќе се подигаат на ниво на коловозот со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се овозможи побрз проток на сообраќајот по улицата „Шар Планина“, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, известуваат дека екипи на ЈП Нискоградба, денес, вршат санација и на делови на простор во Пештани, оштетени поради претходен дефект на дел од водоводната мрежа.

OhridNews