Во текот на ноќта, поради големи снежни наноси на коловозот воведена е забрана за движење на секаков вид возила на патниот правец Тетово-г.п. Јажинце, а забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар – Струга. На патниот правец Тетово – Попова Шапка сеуште е забранет сообраќајот за тешки товарни возила и за автобусите. На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец екипите на Македонија Пат работат на расчистување на коловозот, каде во моментов сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Се очекува набрзо да се нормализира сообраќајот на овој патен правец.
На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози со појава на голомразица, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Посебна внимателност се препорачува на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија –Удово поради честа појава на одрони.