Сејнур Ракиповски беше единствен претставник од Охрид кој учествуваше на фестивалот на фризери „Оpen beauty Hair Fest“ во Прилеп. Овој фестивал беше продолжение на два слични фестивали, исто така одржани во овој град, но ребрендиран и подигнати на повисоко професионално ниво, со учесници од земјава, но и од други држави.

Ракиповски вели на настанот имале задача да изработат фризура на модел, во согласност со модерните трендови, а неговата фризура била одлично оценета.

Бев учесник на фестивалот и во 2017 година. Оваа година организација беше на повисоко ниво. Учеството на вакви фестивали за мене е успех пред и се, запознавање со колеги кои ова го работат, стекнување и на ново искуство, но се отвораат и нови можности за учество на други вакви фестивали. Поканет сум на фестивал во Србија кој би требало да се одржи околу 14-15 август, додава Ракиповски.

Во рамки на фестивалот биле поставени и штандови од познати брендови за производи, опрема и алати за фризери, а сценски настапи имале еминентни фризерски тимови и брендови од земјата и од странство.

На фестивалот учество земале над 60 учесници.

Инаку, Ракиповски претходно има учествувано на три вакви фестивали во Скопје, Охрид и во Прилеп во 2017 година.

Н.С.Ј.