Со црвена боја денес на улицата „Македонски просветители“ се врши обележување на делот од улицата наменет за движење на велосипеди.

Соодветно означување на делот за велосипеди наскоро ќе се изврши и на улицата „Димитар Влахов“. На оваа улица е предвидено да се постават физички разделници, со што се очекува зголемување на безбедноста на велосипедистите кои постојано ја потенцираат потребата од обезбедување и означување на велосипедските патеки , кои или ги нема или се уништени.

OhridNews