Руските цариници на границата запреле еден жител на Украина која сакал да излезе од земјата со мечка во багажот на својот автомобил. На цариниците им рекол дека се враќа во татковината и дека нема ништо да пријави. Но, цариниците во автомобилот пронашле мечка која спиела покриена во багажот.
Тој потоа на цариниците им раскажал дека е поранешен циркуски член и дека го задржал животното со кое со години ги изведувал претставите. Им рекол дека мечката му прирансла при срце и дека е како член на неговото семејство, па затоа секаде ја води со себе. Меѓутоа, тој не приложил никакви документи со кои би ги поткрепил своите тврдења, па цариниците рекле дека ќе размислат како ќе го санкционираат.