Во дворот на основното училиште „Христо Узунов“ се врши целосна промена на осветлувањето. Се заменуваат старите светилки со нови- економични, со што ќе се постигне заштеда на електричната енергија од 50 %, а истовремено ќе се добие подобро осветлување.
Се врши и заменување на застарените осигурувачи со нови автоматски, за во случај на дефект, сијаличното место да нема напојување со електрична енергија.
Како што потенцира директорот на училиштето, Тони Симоноски, со оваа реконструкција ќе се зголеми безбедноста во училишниот двор, како и квалитетот на осветлувањето.
OhridNews