Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во западните и јужните делови со локални врнежи од дожд со послаб интензитет. На планините ќе има слаби врнежи од снег.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 4 до 12 степени.
И утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 6 до 12 степени.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со благ пораст на дневните температури од 8 до 13 степени. В петок попладне ќе има услови за развој на облачност со локален дожд и температури од 8 до 15 степени.
OhridNews
Слаб снег на Буково и Ѓавато, се препорачува внимателно возење