Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија започна со втората годишна ревизија на цената на лековите од примарната листа, при што се очекува дополнително намалување на цената на сто и петнаесет лекови.

Ова намалување на цената како што информираа од ФЗОМ е врз основа на меѓународната методологија, при што се врши споредба на цените во регионот, односно Србија, Словенија, Хрвтаска и Бугарија. Доколку се утврди дека цената на некои лекови во регионот се пониски отколку кај нас се настојува цената на тие лекови да биде намалена и кај нас.

Во споредба со цените во регионот, кај нас повисоки цени има кај лековите за срцеви заболувања и притисок, за шеќерната болест и психичките заболувања.

OhridNews