Поради зголемување на дотокот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, и зголемување на нивото во акумулационото езеро Глобочица, викендов, се очекува преливање на водата низ преливната шахта на браната и испуштање во старото корито на реката Црн Дрим, при што е можно поплавување на гегионалниот пат Струга-Дебар. Низводно од браната каде на најнискиот дел од патот (пред с.Луково) се очекува висината на нивото на водата да достигне околу 1 метар, предупредува Општина Струга.
Најголемите протоци на вода се очекуваат да бидат ноќта на 31.03.2018 година, и да траат се до попладневните часови на 01.04.2018 година кога се очекува одредено стабилизарaње на истеците на вода. Поради тоа се препорачува на граѓаните, во овој период, да не патуваат по регионалниот пат Струга – Дебар, низводно од браната Глобочица.
Поради очекуваните врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч се препорачува на сопствениците на објекти во крајбрешниот дел од Охридското Езеро да преземат мерки за заштита од поплавување.
OhridNews












