
Според најавата за нови врнежи и поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките Треска, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Вардар горен тек, а и нивните притоки. Поради ваквата состојба со водотеците предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Од Информативниот центар на ЕЛЕМ добивме информации дека акумулациите имаат доволно резерви слободен простор да го примат овој воден бран.
Според најавата на УХМР и натаму не очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа на територијата на Република Македонија ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци. Најголеми покачувања се очекуваат во западните, југозападните и северните делови на државата.
OhridNews











