Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени.

Во првите два дена од новата седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд повторно се очекуваат во среда.

OhridNews