Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 9 до 17 степени.
Во недела ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен јужен ветер. Во попладневните часови можни се локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од нула до шест, а дневните од 14 до 20 степени.
OhridNews