Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Дневната температура ќе се движи од седум до 15 степени Целзиусови степени во крајните југоисточни делови од земјава.
И во наредните два дена не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Утре дневната температура во крајните југоисточни делови се очекува да достигне и до 18 степени.
OhridNews