Според прогнозите, времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од два до девет степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во утринските часови ќе има негативни утрински температури, а преку денот температурата ќе биде во покачување.
OhridNews