Богата и квалитетна реколта грозје, односно успешен пласман на домашното вино на европскиот пазар, очекува оваа година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Според него, зголемениот квалитет на грозјето во изминативе години е одразен врз пласманот на виното и неговото позиционирање на странските пазари.
„Како потврда дека и оваа година ќе биде навистина успешна, зборува податокот според кој целата извозна квота од Македонија за ЕУ е исполнета уште на 4-ти февруари.“ – изјави Димовски.
Како што истакна Димовски, во идниот период се очекува склучување сериозни договори за испорака на флаширано македонско вино, за кое лани исто така била исполнета квотата за извоз во ЕУ.
Инаку, целта на министерството е поттикнување на овој сектор, пред се поради неколку причини меѓу кои, социјалниот аспект, односно економските ефекти.
OhridNews