Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

За време на викендот Македонија ќе биде под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег информира УХМР.

OhridNews