Денеска пред платото на Центарот за култура во Струга ќе започне одбележувањето на Денот на реката Дрим.
Настанот кој е во рамки на Дримскиот проект CORDA, а во организација на Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро преставен во Дрим Кор групата и Еколошкото Друштво Грашница, истовремено ќе се одржи во Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово.
Целта на одржувањето на манифестацијата е да се зголеми сензибилизацијата на јавноста за вредностите и значењето на Дримскиот Басен и за управувањето со екосистемот на Дрим во трансграничен аспект. Денот на ДРИМ исто така преставува настан кој ќе ја зголеми прекуграничкната соработка во басенот и ќе отвори нови можност за проток на луѓе,добра ,информации и заеднички активности, потенцираат организаторите.
Денот на Дрим како активност е дел од процесот за управување со Дримскиот Басен и е финансиски поддржан од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ. Настанот ќе опфати низа на активности кои ќе ја престават разноликоста во басенот.
OhridNews